Некои од диеталните навики кои се обидуваме да си ги поставиме како цел се целосно непотребни, а понекогаш дури и штетни.
Не јадете само салати
Мислите дека како поткаснувате само суров зеленчук, ќе ја намалите тежината многу – брзо? Поверојатно не!
За време на диета треба да се одлучите на хранливи и разновидни вкусови. Здодевната и еднолична исхрана провоцира само напади на волчји глад. По можност тестирајте различни нови диетални рецепти и обилно зачинете ги јадењата со свежи зачини (така ќе го избегнете претерувањето со сол).
Нема забранети и дозволени јадења
Можете да си дозволите искушувана храна како пица и чоколадо за време на диета.
Мора да сте реални – штом сакате толку многу пица, е речиси невозможно да се откажете од неа за цел живот. По добро придржувајте се кон правилото 80:20 (ако 80% од производите што конзумирате во текот на исхрана се свежи, сиромашни на масти, останатите 20% може да вклучуваат и некои лакомства, без кои едноставно не можете).
Не се наградувајте со парче високо калорична торта
Сте постигнале задоволителни резултати во однос на тежината и одлучувате да си дозволите за награда нешто – вкусничко? Ако автоматски ви текна да излапате парче торта, не брзајте со реализацијата на оваа идеја.
Смислeте други “нискокалорични” можности за самонаградување. А зошто, пак, треба да се наградувате со храна? Да купите интересна книга, да одите на кино или да посетите козметички салон се многу погодни алтернативи.
Не престанувајте да се движите
Движењето е и останува најдобра – соодветна “другарка” за една диета. Дали се шетате, пливате или возите велосипед – физичкото оптоварување го регулира апетитот во правилна насока и ве тера да чувствувате вашето тело – флексибилно и тонизирано.
По физичка активност размената на материите останува зголемена уште некое време, па дури и да го поминете остатокот од своето време во мирување пред телевизорот.
Не ги игнорирајте чувствата
Ако до тој момент сте претерувале со храната, сигурно сте имале причина за тоа. Стрес, тага, здодевност, гнев…не принудуваат да реагираме повеќе или помалку со неконтролирана исхрана.
Не ја потценувајте моќта на овие емоции и потрудете се – одговорно да ги исфрлите од животот. Анализирајте се и обидете се да дознаете кое точно чувство ја разгорува кај вас желбата да посегнете по пакетче чипс или вафли. И помачете се да ги потиснете, поставете си за цел 100% разумно да им пристапите на ситуациите, кои ги предизвикуваат.