Стивен Тајлер: Потрошив 6 милиони долари на дрога!
23 февруари, 20130
Познатиот рокер Стивен Тајлер(65) и татко на актерката Лив Тајлер, гостувајќи во австралиската ТВ емислија „60 минути“ признал дека потрошил некаде околу 6 милиони долари за дрога – „Би можело да се каже дека сум го ишмркал пола Перу, но тоа не е важно“ – изјавил Тајлер.
Долгокосиот рокер бил чист повеќе од 20 години се додека не станал зависник од лекови во 2009 година, иако покасно успешно се излечил и од тоа. Тајлер станал зависник од дрога во 70-те години и продолжил да конзумира недозволени супстанции се до 1986 година кога почнал да се лечи.