Страшно: Анџелина Џоли има само 42 килограми!
23 декември, 20130
Нејзините пријатели и колеги се крајно загрижени бидејќи Анџелина поради гладување станала анорексична. Изгубила мускулна маса, а на преслабите ковчести раце јасно и се гледаат вените.
Во филмот “Лара Крофт“ се прослави како жена херој со облини, а сега изгледа слаба до болка. Анџелина на аеродромот во Сиднеј била толку слаба што помошниците морале да и го носат рачниот багаж.
“Анџелина е перфекционист и за неа ништо не е доволно добро. На снимање е од утро до мрак и од премногу работа заборава и да јаде. Пие само вода и грицка овошје“ – раскажуваат колегите со кои Џоли го снима својот филм за ветераните од Втората светска војна.
Одговорот на Анџелина за намалувањето на килограми е дека тоа е последица од преголем стрес, а не од анорексија.