
Британската ријалити ѕвезда Саманта Фајерс ја освои престижната титула за најубаво бикини тело за 2013-та година и така ја остави зад себе јаката конкуренција.
Оваа девојка ги победила и познатите сексапилни дами како што се Ријана, Ким Кардашијан и Бијонсе.
Во анкетата учествувале 680 жени кои одговарале на прашањето чие тело најмногу би сакале да го имаат.
За ријалити ѕвездата Сем гласале најголемиот дел од учесничките и така освоила 20% од гласовите. На второ место е Ким Кардашијан, на трето Кели Брук, следува Бијонсе и веднаш после неа Никол Шерцингер.



