
Еден Италијанец чиј 20 годишен син загинал во сообраќајна несреќа одлучил телото на неговиот мртов син да го претвори во дијамант. Кога таткото се сетил за оваа идеја, момчето веќе било закопано, па побарал телото да се ексхумира.
После ексхумација телото било кремирано, а пепелта испратена во Швајцарија за да се компресира во скапоцен камен. Овој процес чини 18 000 евра, а подразбира филтрирање и прочистување на јаглеродот кој се наоѓа во пепелта.
Јаглеродот потоа се става во комора и под висок притисок се претвара во дијамант, а ожалостениот татко осум месеци подоцна го добил синтетичкиот спомен за својот син.
