
Том Круз има нова девојка! Тој е во врска со актерката Лора Препон.
Иако медиумите претпоставуваа дека актерот ќе се смири со бившата сопруга Кејти Холмс, до тоа сепак не дојде. Том и Лора се видени во еден ресторан каде поминале три часа шегувајќи се и разменувајќи нежности.
Изворот тврди дека актерите се гледаат веќе подолго време и дека Лора му се допаѓа од поодамна.
Иначе Лора, исто како и Том припаѓа на сајантолошката црква, а тоа беше и еден од условите за потенцијалната сопруга на Том Круз.