
Откријте ги знаците кои покажуваат дека партнерот е вљубен во вас и однесете ја врската на следното ниво…
Кога мажот е вљубен тој дава суптилни сигнали кои не би требало да ги пропуштите.
Подготвен е на компромиси – Дали ќе се откаже од средбата со пријателите или омилената компјутерска игра за да биде со вас, или ви дава вие да изберете како ќе го поминете слободното време…Каков и компромис да направи поради вас, тоа е знак дека неговите чувства се подлабоки и дека е веќе вљубен.
Вложува во вашата иднина – штом се родат силни емоции, еден од најсилните знаци дека мажот е вљубен е начинот на кој тој зборува за иднината. Ако покажува интерес за вашата професија, кариера, образование и слично, тој е подготвен да го вложи своето време и емоции во врската за која верува дека ќе трае.
Сака да се согласувате со неговото семејство – запознававањето со неговите пријатели е првот чекор, но запознавањето со неговото семејство и желбата да бидете во добри односи со нив е еден сигурен знак дека мажот е вљубен. Бидејќи планира да биде долго со вас, не би трпел напнат однос помеѓу вас и луѓето што му значат.
Не се плаши да се извини – кога мажот е вљубен тој се плаши да започне караница бидејќи знае дека тоа може да ја наруши вашата врска и дефинитивно не се плаши да се извини.
Ние наместо јас – ова е најдобриот знак кој ќе ви покаже дека мажот е вљубен до уши. Кога повеќе не размислува за себе си како самец, и кога ви ги покажува и останатите сигнали, неговите емоции се длабоки.
Ја покажува љубовта преку грижа за вас – може да почне со појадок во кревет, или совет поврзан за автомобилот или кариерата, но кога мажот ќе биде вистински вљубен тој порано или подоцна ќе стане вашиот “мајстор“. Дозволете му да помогне и наградете го со благодарам и комплимент. Ако е среќен кога ќе го пофалите за добро завршената работа, значи дека е вљубен.