Топ тенденција: “nude“ + остар маникир

popara7 ноември, 201318min00
28

Оваа сезона најактуелни ќе бидат острите нокти, кои се со средна должина или бадемовидна форма. Акцентот е врз добро оформениот маникир, но не и врз шаренилото.

Како треба да изгледаат вашите нокти за да предизвикаат восхит кај другите? Имено со таква форма и покриени со така наречените “nude“ бои.

Ако сакате да додадете повеќе елеганција и сјај изберете нежни розе нијанси кои изгледаат неверојатно нежно врз секоја женска рака.

Секогаш се актуелни лаковите со неутрални, млечни, бебешки нијанси бидејќи одлично ги нагласуваат здравите нокти и убавината на нивната форма.