
Само минута пред атентатот на Џон Ф. Кенеди направено е кратко видео кое до сега не било достапно за јавноста. На видеото се гледа како претседателот изгледа мошне опуштено во својот автомобил, возејќи се низ улиците на Далас.
Авторот и сопственикот на ова видео е канцеларискиот службеник Андре Леч кој тукушто ја купил својата камера и помислил дека овој настан е вистинска шанса да ја испроба. Господинот Леч починал во 1987 година, а неговиот син Пол ја открил снимката дури оваа година, кога во сефот на својот татко нашол жолта Кодак кутија со надпис Кенеди.
httpv://www.youtube.com/watch?v=KdG_ShkFQww