Американската провокативна пејачка Мајли Сајрус не за прв пат успеја да го избезуми целиот свет и истовремено со тоа да предизвика огромен скандал.
За време на доделувањето на МТВ наградите веќе пораснатата Хана Монтана најнормално си запали џоинт на сцена во моментот кога ја подигнуваше наградата за најдобро видео.
20 годишната Мајли се качи на сцената облечена во бело припиено боди и чевли со огромна платформа. Кулминацијата настапи кога од својата дизајнерска чантичка на Шанел извади џоинт, го запали и рече:
“Немам тука место за наградата, но погледнете што си најдов…“