Потребни состојки:
- 250гр ориз
- 10 зелени и црни маслинки
- 2 конзерви туна
- 10 шери домати
- црвена и жолта пиперка
- 2 кисели краставички
- 2 лажици масло
- 1 лимон
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
Оризот сварете го во зовриена вода, исцедете го, посолете и додадете сок од лимон. Пиперките и киселите краставички исецкајте ги, додадете иситнета туна и помешајте со оризот. Нежно соединете со доматите исечени на четири дела. Маслото од конзерва соединете го со обично масло, додадете бибер, сол, сок од лимон и помешајте. Со овој прелив прелијте го оризот, измешајте и ставете во чинија. Салатата посипете ја со сецкани маслинки и послужете.