Убавата жена е онаа што се сака себе си!

21 февруари, 20130
rrr

Секогаш сме зборувале дека една вистинска жена посветува големо внимание на својот надворешен изглед.

И не мислиме со тоа на скапа облека, козметика, процедури и силиконски тунинг. Зборуваме за умешноста да ги извлечеш своите квалитети на виделина – да чекориш со самодоверба, да изгледаш „скапо“ и во најефтината облека и да не дозволуваш да те гледаат во неугледно издание… А тоа последното, доста често вклучува и убава шминка!

И сепак ние сме изненадени од фактот дека цели 90% од жените никогаш не би излегле од дома без шминка. Една третина од учесничките во новото истражување споделиле дека не оделе ни до продавница без да се средат, ниту пак на прошетка со кучето.

64% признаваат дека не би отишле на работа без кармин и маскара, а 44% дека никогаш не би се фотографирале без шминка. Повеќето дами изјавиле дека се чувствуваат „голи“ без шминка.

Воопшто, се потврдува дека повеќето жени не сваќаат дека не е шминката она што не прави убави. Шминката само ја акцентира убавината. Убави сме кога се однесуваме со љубов кон себе!

Тогаш не би си дозволиле да го измачуваме телото со нездрава храна, негативни мисли, премногу напор и стресови. Тогаш би се грижеле за кожата, косата и телото со љубов и тие ќе бидат убави и здрави. Тогаш ќе зрачиме и тоа ќе се гледа. И нема да е важно дали сме ставиле пудра и маскара за да излеземе од дома – со или без тоа ние пак ќе сме убави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi