Последните три желби на Александар Македонски

21 февруари, 20130
mmm

За човечкиот ум е тешко да си претстави дека престојот на Земјата е само станица, привремено засолниште, оаза или темна зандана…на секој според неговата реалност, што тој сам ќе успее да си ја создаде за времето што му е дадено.

Тешко е да поверуваме дека тука сме само на поминување, дека гостуваме привремено во оваа галактичка точка и после тоа продолжуваме понатака…каде и да е тоа „понатака“. Кога ќе заврши нашиот престој на Земјата ние си одиме не само голи и боси…го оставаме тука и своето тело. Единственото што можеме да го земеме со себе е душата. Зошто ние сме душата. Во неа е запечатено се невидливо, што сме почувствувале, научиле, преживеале, страдале…во неа ги носиме даровите што сме ги добиле од другите души во физички тела. Тоа е се што ни е потребно – никој и ништо не може да ни ја одземе душата и она што е вгнездено во нејзините тенки струни.

Чудни суштества сме ние луѓето – за се друго наоѓаме време и смисла, но не и за вистинските важни нешта, кои неизбежно ги губиме по патот – детството, домовите, местата, ситуации, здравје, луѓе, мечти, делови од нас самите…

Последните три желби на Александар Македонски

Кога почувствувал дека е на прагот на смрта, Александар Македонски ги повикал своите генерали и им ги соопштил своите последни три желби:

–          Да се пренесе неговиот ковчег врз рамото на најдобрите лекари.

–          Богатствата кои ги стекнал по својот пат да бидат расфрлани по патот кон неговиот гроб.

–          Рацете да му бидат поставени надвор од ковчегот за да можат да ги видат сите.

Еден од генералите зачуден од необичните желби на Александар побарал од него објаснување за причините.

Александар Македонски одговорил:

–          Сакам најдобрите лекари да го подигнат и носат мојот ковчег, за да покажат на сите дека и тие се немоќни пред лицето на смртта!

–          Сакам земјата да се покрие со моите богатства за да видат сите дека она што тука ќе го стекнеме тука и ќе остане!

–          Сакам рацете да ми бидат надвор од ковчегот за да можат сите да видат дека доаѓаме со празни раце на овој свет и со празни раце заминуваме, кога за нас ќе заврши наскапото што го имаме – времето!

Времето тука ни е ограничено. Можеме да правиме пари, но не и време. Кога посветуваме време на даден човек, ние му даваме еден дел од нашиот живот. Го цениме ли доволно она што го даваме и примаме? Зошто времето истекува низ прстите на Бога…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit