
Кога имала само 17 години, Џеки Бек била шокирана кога лекарот и соопштил дека никогаш во животот нема да може да има секс. Иако од надвор изгледа најнормално, оваа преубава девојка е родена без матка, а на местото каде требало да биде вагината, постои само многу мал отвор.
Никогаш не ми паднало на памет дека се разликувам од останатите девојки и жени. Затоа и бев шокирана и не можев да поверувам што ми зборуваат. Бев сигурна дека се работи за грешка, но кога докторот ми ја објасна причината зошто до сега не сум добила менструација, почна се да има смисла – ја раскажува својата приказна Џеки, која денес има 19 години.
Докторите ми рекоа дека никогаш нема да имам дете, а ако сакам да имам секс, би морала да одам на операција. Излегов од ординацијата со солзи. За се што сонував, морав да заборавам. Се чувствував како да не сум жена – дополнува храбрата британка.
Во почетокот Џеки ја криела вистината, меѓутоа неодамна одлучила својата вистина да ја сподели со целиот свет.
“Сега, кога конечно се отворив, се изненадив колку се луѓето позитивни. Ме охрабруваат и ми велат дека сум убава. Со ова би сакала да им помогнам и на другите девојки кои се родени со овој синдром.“


httpv://www.youtube.com/watch?v=n1pEGUBtjuo

httpv://www.youtube.com/watch?v=opfj8M2Ye2g