Убил бездомник, му ја испил крвта, па отишол на журка!

30 декември, 20130
5

Осомничениот го задавил бездомникот, а потоа ја испил неговата крв. Потоа зазвонил на вратата на станот каде станарите правеле журка.

Осомничениот имал повреди на раката. Станарите повикале полиција, а кога полицијата пристигнала на лице место, забележале голема количина крв на повредениот. Мажот признал дека убил човек и дека му ја испил крвта.

Телото на жртвата било пронајдено на паркингот пред зградата. Се работи за 49 годишен бездомник на чие тело биле видливи бројни траги на насилство, особено на вратот.

Причината за ова морбидно убиство не е позната, настанот се случил деновиве во Франција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *