Утре огромен астероид ќе прелета покрај нашата планета

14 февруари, 20130
4

Во петок навечер нашата планета Земја ќе се размине со астероид голем колку фудбалско игралиште. Научниците тврдат дека не постои реална опасност од директен судир, но ако евентуално се судри со Земјата би уништил град со големина на Лондон.

Астероидот наречен 2012 DA14 утре во 20:30 часот ќе прелета 28 000 километри над Земјата. Ако евентуално овој астероид  се судри со Земјата, тоа би било катастрофа еднаква на моќта на 1000 атомски бомби како таа од Хирошима.

Научниците се согласни дека нема опасност од катастрофален удар, а единствено што би можело е да настане прекин на ТВ сигналот. Астероидот е забележан за прв пат минатата година и од тогаш неговиот пат е детално следен и анализиран. Се знае и дека астероидот ќе прелета над земјата со брзина осум пати поголема од таа на истреланиот куршум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi