ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 125гр путер
* 50гр шеќер во прав
* 2 пакетчиња шеќер од ванила
* 50гр пудинг од ванила
* 125гр брашно (меко)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Од наведените состојки замесете меко тесто, завиткајте го фолија и оставете го 1-2 часа во фрижидер.
- Тестото премесете го повторно и обликувајте го во правоаголник.
- Сечете парчиња и формирајте мали топчиња, малку поголеми од лешник.
- Топчињата наредете ги во плех, претходно обложен со хартија за печење, па стиснете ги со вилушка.
- Правете растојание помеѓу топчињата, бидејќи во текот на печењето тие ќе нараснат.
- Печете ги на 180 степени во претходно загреана рерна 5-8 минути.
- Колачите треба да останат бели.