Верувале или не, луѓето кои имаат смисла за хумор и често се смееат, во некои ситуации можат сериозно да си наштетат на сопственото здравје.
Дека смеењето е лек, одамна се знае. Меѓутоа постојат и луѓе за кои овој начин на изрзување радост е мошне опасен и може сериозно да го загрози нивното здравје, па дури и живот.
Како што тврдат експертите, дури и краткотрајното смеење може да предизвика срцев удар. Ако ви се чини дека ќе експлодирате од смеење, треба да знаете дека сте во опасност од тоа дека ќе ви пукне срцето или ќе ве удри епилептичен напад, или пак да се здобиете со кила. Исто така добар виц може да предизвика придвижување на камен во бубрег или бешика.
Интензивното и нагло смеење не се препорачува за луѓето кои боледуваат од астма, а може да предизвика и пукање на белодробната марамица или пнеумоторакс. Не е препорачливо и за оние со слаба бешика, бидејќи лесно може да се случи таа да попушти.
Она што е особено важно да се нагласи е дека интензивното смеење може да наштети на трудница во првите неколку месеци од бременоста и да предизвика губење на плодот. Постарите дами кои се во менопауза и страдаат од остеопороза исто така треба да внимаваат бидејќи при нагло смеење може да им пукне рбетот или некоја друга коска.
Но од друга страна, смеењето е добро за дијабетичарите и кардиоваскуларните болести бидејќи смеењето го намалува нивото на шеќер во крвта, го намалува крвниот притисок и ја подобрува состојбата на артериите, вените и капиларите.
Добра доза хумор е лековита за пациентите кои трпат болка, и оние кои мака мачат со воспалени синуси, а исто така го зајакнува и имунитетот.