Во емисијата “Време за среќа“ почнува ТОП 5

18 ноември, 20130
loto 1

Вечерашното издание  на емисијата Време за среќа на МТВ1 во 20:30 повторно отворено за многу воздбуда, забави и добивки. Со овој ТВ проект за прв пат во историјата на приредување на игри на среќа во Македонија, во една ТВ емисија ќе бидат сместени две игри на среќа, со цел поголема можност за добивки и радост на играчите на игри на среќа со бројчиња.

 

 Вечерва,  покрај можноста нашите играчи да се радуваат на добивките во второто коло на БИНГО БУМ, оставивме простор возбудата да расте со уште една нова игра која своето прво извлекување го има токму сега-ТОП5. Покрај сето ова, ова понеделничко издание на Време за среќа,  воведуваме уште една новина,  заедничка Бинго Бум вечер со нашите среќни играчи во ресторанот Бела. Имено, 300 парови, ќе добијат подарок од самиот ресторант, уплатени Бинго Бум картички и Бинго Бум коктел, а во прекрасниот амбиент на ресторанот ќе се игра Бинго Бум со следење на телевизискиот пренос во живо, а потоа сите ќе имаат прилика да се дружат со целата екипа која ја реализира емисијата Време за среќа, заедно со водителскиот пар Марјана и Викса.


ТОП5 ќе се игра со извлекување на 5 од 35 бројчиња. Ова е нов продукт што Државна лотарија на Македонија го создаде како одговор на барањата на верни лото играчи кои покрај играта НовоЛото 7/34 во која играат за големи добивки, сакаат да играат и за почести, иако помали добивки. Во играта ТОП5 ќе се игра за 5тка, со што на љубителите на лото играта им се дава можност за време на очекување на големата 7ка, која во моментов изнесува близу 12.000.000 денари, да добијат и по неколку 5тки. Цената за уплата на една комбинација ТОП5 ќе е 15,00 а на едно ливче ќе може да се одиграат од една до десет комбинации.

 

Само за потсетување, Првото коло од најновата игра на среќа Бинго Бум со новиот водителски пар, Виктор Петров Викса и прекрасната Марјана Станојковска, емитувано на 11.11, ја донесе и првата Бинго Бум премија. Во продажното место Венмарк во Свети Николе, е уплатена Бинго Бум картичката, која бројките од извлекувањето ја покажаа како добитна.

 

Почнувајчи од вечерашното прво коло на ТОП 5, Државна лотарија на Македонија е во потрега по лице со кое ќе биде комплетирана водителската постава на емисијата Време за среќа. Токму и затоа ги повикуваме сите девојки кои сонуваат да станат водителки, а поседуваат шарм, знаење , комуникативност и желба да бидат дел од нашата екипа, да ни испратат свои податоци на нашиот профил на социјалната мрежа Фејсбук:  https://www.facebook.com/DrzavnaLotarija

 

Вечерва, од 20: 30 на МТВ1 во емисијата Време за среќа,  атмосферата ќе ја надополни и комплетната постава на групата Биоритам кои ќе изведат и неколку музички нумери за загревање на атмосферата. Уплатата и за двете игри сеуште е во тек, затоа побрзајте и искористете ја можноста да стасате до некоја од бројните добивки кои ве очекуваат во БИНГО БУМ или ТОП5, чие извлекување го следите заеднички во Време за среќа на МТВ1 од 20:30. Уплатата за двете игри на среќа се затвора во вечерва во 19:30.

 

ЗА ДОБРО!

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit