Во САД уапсени 245 педофили

4 јануари, 20130
Pedofili
Во меѓународната полициска операција против педофилијата, на крајот на 2012-тата година, уапсени се 245 лица, во САД и во 6 други земји, вели Американската агенција за имиграција и царина.

Меѓу уапсените во операцијата “Sunflower”, која траела од 1-ви ноември до 7-ми декември 2012-тата година, 222 лица се уапсени во САД, а 23 лица во други 6 земји, чии имиња не се објавени поради “многу чувствителни оперативни причини”, вели шефот на агенцијата, Џон Мортон.

Операцијата која имала за цел да ги идентификува лицата кои поседуваат, објавуваат или произведуваат педофилски снимки на интернет, овозможила спасување на 123 деца, од кои 110 се од САД, прецизира Мортон.

Меѓу жртвите, пет биле помлади од три години, девет од нив се на возраст од околу четири и шест години, 21 од нив имале од седум до девет години и 11 жртви биле на возраст помеѓу 10 и 12 години. Имало 70 девојчиња, 53 момчиња, додека 23 од идентификуваните деца се сега возрасни.

Властите во 2012-тата година уапсиле рекорден број од 1.655 педофили, а 292 жртви биле идентификувани и спасени, пренесува агенцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber