
Бројот на телата пронајдени во 22те масовни гробници во западниот дел на Мексико каде нарко-картелите се борат за превласт зголемен е на 42, откако 5 тела се откриени за време на викендот.
На некои од телата се видливи траги од измачување, а најдени се во 22 гробници во Ла Барка – на границата помеѓу Мичоакан и Халиско.
Истражувањето на оваа локација започнало откако 22-ца полицајци признале дека работеле за нарко-картелите.
Истрагата започнала како дел од потрагата за двајца исчезнати федерални агенти. Истражните органи уапсиле 22 локални полицајци од кои некои признале дека федералните агенти и уште неколку лица ги испорачале на картелот “Нова генерација“.

