Ентони Фергусон (27) кој ја претепал својата девојка, при што и го скршил носот, ќе мора не само да ги помине следниве 6 месеци во затвор, туку и 5000 пати да напише “момците не тепаат девојки“.
“Како што добро знаеш се гледаме веќе со години – од моментот кога стапнав на функција – му рекол судијата за време на изрекувањето на казната кој последниот пат, во 2003 го испратил на 8 години затвор поради вооружена кражба.“
Гледајќи како се подлабоко тоне во криминал, судијата веројатно помислил дека можеби пишувањето ќе му помогне конечно да свати дека треба да го смени целосно својот начин на живот.
Ентони има рок до 23 мај да ја заврши својата задача.