За витка линија: Трикови од познатите актерки!

11 февруари, 20130
ishrana

Тие се тенки, згодни и познати, но и тие мораат да внимаваат на исхраната за нивните тела да изгледаат заносно на големото платно. Иако имаат приватни тренери и готвачи, нивните совети сите можеме да ги примениме.

Анџелина Џоли – храна готвена на пареа

Кога се подготвува за улоги во акционите филмови, Анџелина секогаш јаде храна готвена на пареа, без зачини и додатоци. Јаде риба, месо и зеленчук кој е подготвен на начин што нема дополнителни калории.

Гвинет Палтроу – протеински плочки

Кога се подготвувала за улогата “Iron Man II”, Гвинет секое утро јадела протеински плочки наместо појадок. Тие и давале сила и и помогнале да постигне одлична фигура, а ова е препорака од славниот тренер Трејси Андерсон.

Дру Баримур – помали порции

“Не сакам да живеам живот кој не ми дозволува да го јадам она што сакам”, изјавила Баримур. Токму затоа, таа дома има мали садови во кои сервира мали порции храна која ја обожува и така ја контролира својата тежина.

Хилари Даф – контрола

Хилари Даф научила мал трик од тренерот Харли Пастернак – престанува да јаде пред да почувствува дека е сита. “Ако почувствувате дека сте сити, тоа значи дека сте јаделе премногу”, вели Хилари.

Џенифер Анистон – едукација

“Ми требаше долго време да научам дека изгледнувањето не е начин до совршена линија. Важно е да се едуцирате за храната и да научите да го слушате своето тело. Важно е да знаете за што вашето тело насвитина копнее”, изјавила Џенифер.

Џесика Алба – нескокалорични десерти

Иако е природно витка, Џесика целосно избегнува десерти и шеќер. Во нејзиното семејство  речиси сите имаат проблеми со висок холестерол. Сепак, кога ќе посака нешто слатко, убавицата замрзнат јогурт или суво овошје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi