
Во Индија започна изградбата на кип кој според најавеното би требало да биде највисокиот во светот. Се гради во спомен на Сардар Валабхбхај Пател, “Железниот човек“ кој е еден од основачите на Република Индија. Името на споменикот ќе биде Кип на единството, а би требало да достигне висина од 182 метри, што е речиси дупло повеќе од американскиот Кип на слободата во Њујорк и четири пати повисок од Исус во Рио де Женеиро.
Кипот ќе се гради во индиската држава Гујарат и се предвидува дека градењето ќе трае 4 години.
Сардар Пател бил близок пријател на Махатма Ганди кој во 1947 година се противставил на британските власти во Индија чија цел била неговата земја да ја поделат.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ycr97Uic6BY
