Германска агенција за вработување се извини откако на една 19- годишна девојка ѝ понуди работа во бордел, објави локалниот весник во градот Аугсбург во Баварија.
Мајката на 19-годишното девојче кренала паника кога го видела писмото во кое на нејзината ќерка ѝ се нуди работно место, пренесува весникот Augsburger Allgemeine Zeitung.
„Барав постојана работа за одржување на домакинства, а не работа во бар на јавна куќа. Бев шокирана кога го прочитав писмото. Мојата мајка почна да вреска кога го прочита тоа“, објаснува девојката.
Шефот на Центарот Ролан Фуерст изјавил дека требале да ја прашаат младата девојка пред да го пратат писмото, но дека понуденото работно место не се однесува на проституција.
Проституцијата во Германија е легална и агенцијата на Фуерст знаелa дека станува збор за бордел.