Збогум за „Челичната лејди“! Почина Маргарет Тачер

9 април, 20130
2

Некогашната британска премиерка Маргарет Тачер позната како Челичната лејди поради својата цврста волја и уште поцврстиот став во политиката, почина на 87 годишна возраст од мозочен удар.

Веста за нејзината смрт ја потврди и нејзиниот потпарол. Марк и Керол Тачер со голема тага соопштиле дека нивната мајка, баронесата Тачер починала утрото од мозочен удар.

Тачер ја имаше функцијата премиер на Британија од 1979 до 1990, најдолго од сите британски претседатели на владата. Била лидер на Конзервативната партија од 1975, а победила на парламентарните избори во 1979, 1983 и 1987 година.

Кралицата Елизабета и премиерот Дејвид Камерон ја изразиле својата жалост поради смрта на бившата премиерка Маргарет Тачер.

„Со голема тага ја примивме веста за смрта на лејди Тачер. Изгубивме голем лидер, голем политичар и голема британка – вели Камерон.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma