
Селфи е синоним за фотографија која настанала кога некој сам се слика и најчесто тоа е со мобилен уред, а потоа фотографијата е поставена на некоја од социјаните мрежи, се вели во објаснувањето на Оксфордскиот речник кој го прогласил овој збор, за збор на годината.
Титулата е заслужена бидејќи употребата на овој збор во последните 12 месеци се зголемила за 17 000 %, пренесува британскиот Гардијан.
Со помош на оксфордската програма за пребарување која опфаќа повеќе од 150 милиони зборови, се гледа феноменот на се почеста употреба на овој збор во 2013 година.
Зборот за прв пат е употребен во 2002 година на еден интернет форум во Австралија, но во поширока употреба се среќава дури во 2012 година.
Еве неколку примери за “селфи“:

