Зошто мажите се плашат од женските солзи

4 јануари, 20130
woman-crying

Човекот на вашиот живот одлучно изјавил дека не се согласува со вас. А вие го убедувате, го молите, го убедувате, му се додоворувате…не вреди. Тврдоглаво ги одбива сите ваши убедувања. Што да правите? Време е да посегнете по вашето тајно оружје – “одвртете ја славината” и пуштете ги солзите! Фкусирајте ги мислите на некое болно искуство од детството, кога, да речеме ви умрела златната рипка или кога оној сладок Павел од градинка не сакал да ве бакне, потоа соберете ја долната усна и натерајте ја да липта. Полека свртете се кон него во моментот кога првата солза ќе ви потече по образот, а останатото препуштете го на неговата совест. Ќе биде вистинско чудо ако не добиете се што ќе побарате за пет минути.

Најмоќното оружје

Кога станува збор за љубовна врска, не постои помоќно оружје од женските солзи. Бидејќи, кога жената почнува да плаче, тоа значи дека се случува нешто крајно сериозно. За мажите значи дека со својата избраничка повеќе нема да може нормално да разговара во следните 24 часа, дека сексот не доаѓа во предвид, дека се под знак прашалник и храната и забавата и сите други задоволства на животот, додека таа е осетлива на плачење.

Делува убедливо

Машкиот страв од солзи е гориво кое ги поместува емоционалните аспекти на неговата љубовна врска. Се согласуваат на сешто само тие солзи еднаш да престанат да течат. Најстрашно е кога жена ќе почне да плаче на јавно место. Во такви моменти во состојба е да ја одведе веднаш пред матичар, да и ја подари својата кола, само да престане!

Предизвикува емоции

Сенди Мен објаснува дека солзите имаат позитивно дејство  на меѓусебните односи. Тие пред се се сигнал на сите наоколу дека нешто не е во ред. Тие ги наведуваат луѓето нешто да превземат во врска со болката која личноста која плаче ги чувствува. Солзите ве ослободуваат од пригушените емоции и насобраниот стрес. Откако добро ќе се исплаче, човекот се чувствува многу подобро и подготвено да се соочи со тешкотиите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi