Зошто заглавуваме во врски со губитници?

14 декември, 20130
8

Колку пати сте слушнале како успешна, убава и згодна жена се заљубила во губитник, алкохоличар или оженет маж. Можеби истото и вие сте го доживеале. Доколку ни се случило еднаш, тоа и не е така голем проблем, но доколку тоа повторно и повторно се повторува тогаш треба да се запрашаме што е со нас.

Изборот на погрешен партнер претставува ирационален страв, коплекс, анксиозност, а често и траума од минатото. Овие пореметувања владеат со нашето тело и дури најпаметните жени не можат да им се спротивстават. Единствен начин како да си помогнете е да се посветите на себе и на својата самопочит.

Повеќето жени имаат страв од отфрлање. Доколку сте млади и доколку имате изгубено некој што навистина сте го сакале, сами си создавате страв од повторно отфрлање или загуба. Во таков случај, бирате партнер кој се плаши од врска и брак и ќе создадете врска без интимност и доверба. Тоа го правите со цел: загубата во иднина да не ја сфатите толку сериозно и да не патите долг временски период.

Предрасудите како што се “Мораш да се омажиш” ги тера жените да се впуштаат во лов на партнери без да размислуваат. Пробувате на секаков начин да го најдете, без да обрнете внимание на тоа каква личност е тој. По некое време сваќате дека тој не е тоа што сте го сакале.

Доколку сте девојка која не се цени, несвесно ќе се убедите дека не сте доволно убава. Среќни сте кога некој ќе ви посвети внимание и во тој момент не бирате, мислите дека тоа не можете да си го дозволите. По некое време се откажувате од своите потреби и се прилагодувате на желбите од партнерот, а тоа нема да ве направи среќна. На тој начин му давате до знаење дека се ќе направите за него само да не бидете оставени.

Правилниот маж не сака да биде со жена која ќе ги исполнува сите негови барања и желби. На прав маж потребна му е силна и стабилна жена. Затоа променете го сопственото мислење и засакајте се. На тој начин ќе ги убедите луѓето околу вас дека сте силна и достојни за љубов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *