Се што ви треба е белата кошула, здолништето со А крој, фармерките, малиот црн фустан, кожната јакна, црното сако и омилената марама кои секојдневно ги носите на работа.
Сигурно многу пати до сега ви здосадила деловната мода која мора да ја практикувате 5 дена во неделата, но кога е модата во прашање, добитна комбинација е правилото „помалку е повеќе.“
Ова видео ќе ве увери во тоа дека црното сако и омилените фармерки немаат само едно лице, ниту пак црниот фустан е толку здодевен како што ви изгледа.
Без оглед дали се подготвувате за состанок или обичен работен ден, ова видео ќе ви биде од голема помош: