20 нешта кои стануваат подобри колку што сте постари

12 април, 20140
3

Кој воопшто би посакал да има засекогаш 18 ?

Одење на спиење порано

Постои тој магичен час, наречен 22h! Понекогаш, ако добро го организирате својот ден, можете дури и да направите се што е потребно,  да се видите со своите пријатели и да бидете во пижами, во тоа време. И ќе се чувствувате фантастично!

Не правате ништо

Се сеќавате на деновите кога нон стоп сте биле во брзаница и кога не сте биле во можност да поминете дури ни 10 минути, а да не правите нешто? За среќа, тие денови поминаа и вие сега сте во можност да уживате во мирни X единици од времето, кое ќе го посветите на размислување, на пример?

Крстозбори

Тие се толку интересни кога речникот и општото познавање ви е малку пошироко, така што можете да ги пополните сите полиња!

Набавка на предмети за домаќинството

Ако некој во 18-тата година ви кажеше дека на триесет ќе бидете толку среќни кога ќе купите нова простирка за во ходникот, ќе помислевте дека е луд ? Но сега уредувањето на станот ви е толку забавно!

Купување на облека за работа

Мразевте што првата плата мораше да ја потрошите на бизнис облеката, бидејќи во плакарот немавте нешто што не е розово и со карнери. И тогаш сфаќате дека бизнис изгледот , всушност, може да биде толку кул и сега уживате во шопинг облека за во канцеларија.

Чистењето на станот и животот во истиот – чист – стан

Поради тоа што е толку прекрасно чувството да не живеете, во стан со куп на работи прекриени со прашина во вашата претесна соба(која треба да ја делите со вашите сестра).

Останување дома

Да … дури и во петок! Повелете, отворете шише вино и гледајте ги вашите омилени серии. Признајте си дека ќе уживате во тоа, повеќе од задушливиот клуб, полн со луѓе кои ве газат .

Поминување на време со семејството

Во одреден момент ќе сфатите дека мајката ви е всушност сосема кул човек, а таткото ви е сеуште со младешкииот шарм кој ја освоил. И дека всушност можете зборувате со нив. И да се смеете. Јас коментира за вистинските нешта што ве интересира.

Читање

Квалитетна литература, што би рекле. Помина времето на размена на популарните наслови со своите пријателки, а сега точно знаете што е добро, и што ви се допаѓа за да го прочитате.

Дремка

Нема поголема вина на совеста од дремењето во поладневните и вечерни часови.

Капење

Слично на дремката, само со вода и свеќи.

Пиењето вино

Две чаши и стоп. Бидејќи не сакате мамурлакот да ви го расипе следниот ден и за да ве спречи да бидете продуктивни.

Станувањето рано

Бевте да вежбате, се напивте кафе и го посетивте пазарот, а тек е само 10:30? Овој ден ветува!

Набавка на козметички производи

Некогаш толку ве мрзеше да седите со маска од краставица на лице , но сега уживате додека ги мачкате еден по еден од своите милиони производи.

Поминување време на отворено

Свеж воздух, природа, ден, сонце… може ли да биде подобро од тоа?

Секс

Затоа што момчињата конечно научија што треба да прават, а вие сте посигурни во себе и опуштени сте.

Штедење

Шопинг треската не е забавна. Дали знаете што е тоа? Имањето (барем минимална) финансиска сигурност.

Дружење дома

Апсолутно е неверојатно кога тесен круг на најдобрите пријатели ќе дојдат, и вие им подготвувате супер вкусно јадење… мезе и десерт. А вино? Се служи во чаши за вино , се разбира.

Одењето на свадба

Бидејќи свадбите се измислени младенците и нивните пријатели да поминат добро време, а не за тетката  од село што ја гледате еднаш во животот .

Работа

Затоа што сте ја поминале фазата на практикантска работа и сега конечно можете да заминете на бурек и шанса да направите нешто креативно , одговорно, во тоа што ќе уживате .

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi