Засекогаш споени: Сијамските близнаци, кои не сакаат да бидат разделени

12 април, 20140
4

Момчињата од Индија не сакаат да бидат одделени бидејќи тоа би значело дека еден од нив по операцијата ќе биде прикован за кревет, или во инвалидска количка. Шивант и Шивро(12) научиле самите да се грижат за себе , тие можат да возат посебен трицикл , да играат крикет и се добри ученици.

Сијамски близнаци од Индија , Шивант и Шивро ( 12 ) се момчиња кои се поврзани со долниот дел на телото , од половината надолу . Овие момчиња не сакаат да бидат одделени , иако лекарите велат дека таква операција е можна.

Сепак, по поделбата едно од момчињата ќе има нормален живот, додека другото останува приковано за кревет , или во инвалидска количка.

Затоа што ги делат нозете отежнато им е движењето. Сепак, тие научиле самите да се грижат за себе. Се облекуваат, се капат и можат да се движат, да се качуваат и да се симнуваат по скалите.

Момчињата дури можат да возат и трицикл, кој е специјално дизајниран за нив, а често играат крикет, кој е исклучително популарен спорт во Индија.

Нивниот татко , Раџ Кумар ( 45 ), кој покрај нив има пет ќерки, вели дека на другите луѓе во селото им е забавно да ги гледаат неговите синови, но само тој знае со каков вид на проблеми тие се соочуваат .

– Кога ќе дојде дождовната сезона е отежнато нивното движење. Сепак, јас сум горд на нив, тие се добри ученици во училиштето и никогаш не се расправаат – вели нивниот татко, кој исто како момчињата, не сака да бидат одвоени.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Ucxen4x_uV0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi