Смртоносна ебола го погоди населението во Гвинеја. До сега од болеста починале околу 80 лица, а точниот број на заразени сеуште не е познат.
“Соочени сме со епидемија од досега невидени размери, имајќи го предвид бројот на случаи во земјата, во која се погодени градовите на југот и престолнината Конакри”, вели Маријано Луqи, координатор на “Лекари без граници”, во соопштението пренесено од канцеларијата на АФП во Дакар. “Лекари без граници” помагаа речиси при сите епидемии на ебола во последните години, но тие не беа толку раширени и од болеста беа погодени оддалечени места. Оваа распространетост многу ја отежнува задачата на организацијата да ја сопре епидемијата”, додава тој.
Гвинејската Влада соопшти дека вирусот му припа|а на типот заир, еден од петте видови од групата филовируси предизвикувачи на ебола. “Типот заир е најагресивен и најсмртоносен. Стапката на смртност е поголема од 9 на 10 заболени”, вели лекарот Мишел ван Херп.
Вирусот на ебола се пренесува со директен допир со крв, телесни течности и ткиво на жив или мртов човек или животно носител на вирусот.