
НАСА бара приватни партнери за учество во проектот чија главна цел е да испрати нова генерација ровери кои ќе ја истражуваат површината на Месечината.
„Додека НАСА прави амбициозни планови за истражување на астероидите и Марс, американската индустрија ќе создаде можност НАСА во иднина да ја употреби најновата технологија токму на Месечината”, изјави Грег Вилијамс од НАСА за Telegraph.
Со години информациите за Месечината се добиваат од стар сателит, но сега конечно ќе се добијат поимпресивни резултати, со оглед на тоа што повеќе земји како Русија, Индија и Кина се заинтересирани да ја истражуваат.
„Ако сакаме да правиме патувања од видот на Star Trek, тогаш Месечината е идеалното место за тоа”, вели Џонатан Мекдауел, академик од Центарот за астрофизика на Харвард.