
Идејата за причината за проблемот се појавила благодарејќи на една од епизодите на популарната телевизиска серија „House M.D.”, во која генијалниот доктор Грeгори Хаус поставува дијагнози за нерешливите случаи.
Еден од германските лекари кој го примил 55 годишниот пациент упатен во Марбуршкиот центар за недијагностицирани болести во мај 2012 година, се сетил на епизодата во која тимот на Доктор Хаус се сомневаше на труење со кобалт.
Сомнежот се потврдил и во вистинскиот живот и откриено било дека причина за проблемот е истрошениот вештачки колк кој бил заменет со керамички.
„Набргу по замената на колкот концентрацијата на кобалт и хром во крвта почна да се намалува и здравствената состојба на пациентот се стабилизираше”, се наведува во приказот на случајот.
Година дена по замената на дотраениот вештачки колк работата на срцето се подобрила за 40 отсто, немало повеќе температура, како ни желудечен рефлукс. Видот и слухот на пациентот делумно се поправиле бидејќи оштетувањето со кобалт било претешко.
Водителот на тимот Јирген Шафер вели дека епизодата од „House M.D.” со труењето со кобалт, била од помош бидејќи поради неа бил свесен за проблемите од тој метал, но истакнува и дека биле користени и други дијагностички методи.
Серијата „House M.D.” е работена според вистински медицински случаи. Шафер ја користи во предавањата за да им го сврти вниманието на студентите по медицина на ретките или необични болести.
