Америка има авион за Судниот ден кој ќе го спаси Обама и од нуклеарен удар

15 септември, 20140
Америка има авион за Судниот ден кој ќе го спаси Обама и од нуклеарен удар
Верувале или не, Америка има авион за Судниот ден! Авионот може со денови да остане во воздух и да издржи удар од астероид, а посебен штит ја заштитува внатрешноста и од радијација.

Американците во принцип се љубители на теории на заговор, но властите навистина развиле авион кој би го спасил претседателот на САД кога би дошол крајот на светот.

Адаптираниот Боинг E-4B, познат како “авион за Судниот ден” (Doomsday plane), потсетува на познатиот претседателски авион “Air Force One“, но овој наводно може да преживее нуклеарна војна! И не само тоа: би го издржал ударот и на астероид и терористички напад, а би можел и да лета со денови без дополнување на керозин. Единственото ограничување е што моторното масло мора да се става на земја, па во воздух би идржал најмногу седум дена.

Откако Џорџ Буш полета со овој Боинг 747 по терористичкиот напад на Америка на 11-ти септември 2001-ва, авионот “за Судниот ден” претрпел бројни измени. Му бил вграден посебен оклоп кој ја штити внатрешноста од радиоактивно зрачење, а опремата аз комуникација е сместена во посебен оддел зад пилотската кабина. Авионот има 67 антени и сателитски антени како и мноштво на високо-технолошки уреди.

“Авионот за Судниот ден” има три нивоа и собира 112 луѓе. Тој, наводно бил купен уште од Роналд Реган во осумдесеттите години во последните денови на Студената војна.

Теоретичарите на заговор сметаат дека токму во овој авион бил командниот центар за нападот на 11-ти септември.

Армијата и владата на САД избегнуваат да зборуваат за него, поради што овие шпекулации остануваат на ниво на гласини. Меѓутоа, на годишнината од нападот оваа година поранешниот прес секретар на Џорџ Буш, Ари Флајшеф, напишал на Твитер: “Еве како изгледа авионот за Судниот ден. Беше бизарно да се види, особено на тој ден”…

Во видеото можете да видите како изгледал авионот пред последното реновирање:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi