Сосетката го силувала додека спиел, одвај се извлекол!

15 септември, 20140
10
Човекот (жртва) цврсто заспал по забавата, а кога се разбудил врз себе ја видел својата сосетка во која бил и неговиот полов орган во ерекција, пренесува полицијата.

Против 26-годишната Шанте Гилман од Сиетл е подигнато обвинение поради силување на својот пет години постар сосед, чие име полицијата не го објавила.

Симпатичната девојка успеала да провали во сред ноќ во станот на соседот, кој цврсто спиел по роденденската забава на својот пријател, кој наводно го познава и нападната Шанте.

“Се разбудил во 2 наутро и на себе ја забележал 170 сантиметри високата и околу 108 килограми тешката Шанте Гилман, а во неа бил и неговиот полов орган во ерекција” – е наведено во полицискиот извештај кој го потпишал детектив Роџер Ишимиќ.

Тој и’ кажал на Шанте да се тргне, но таа го игнорирала па тој на крај успеал со натчовечки напори сам да се извлече. Ја избркал од станот и отишол во болница на преглед како жртва на сексуален напад. ДНК анализата покажала дека помеѓу нив двајца имало сексуален однос.

Сега за сега не е јасно како сексуалната напаѓачка, која веќе има полициско досие за обид за кражба во супермаркет и кражба на автомобил, успеала да влезе во станот на жртвата.

Шанте на испрашувањето изјавила дека не се сеќава на ништо, ниту дека влегла во станот на жртвата ниту дека го силувала, пренесува Metro.

“Ни кажа дека страда од ментална болест и дека има биполарно пореметување”, додал детективот.

Таа е обвинета за силување и за напад на жртвата ” кој не бил во можност да се согласи на сексуален однос бидејќи бил физички беспомошен”. Таа на почетокот на август на Фејсбук објавила дека е во напредна фаза на бременост, а веќе има две дечиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi