Астро пороци: Од што е зависен вашиот хороскопски знак

28 октомври, 20140
10

Астролозите тврдат дека постои голема разлика меѓу хороскопските знаци и типовите на пороци на кои секој од нив е најчесто потпаѓа. Еве што имаат да кажат за вашиот знак:

Овен – Овенот е индивидуалец кој владее со огнот, па често до искушение го доведуваат цигарите и алкохолот. Кога еднаш ќе се навлече, тешко дека некогаш ќе престане, а тоа е резултат на неговата тврдоглавост. Овните сметаат дека со пушењето се ослободуваат од стресот, а љубовта кон цигарите не може да ја откаже од проста причина – верува дека со цигара изгледа гламурозно.

Бик – Стабилен знак, но не секогаш свесен за себе и своите постапки кога станува збор за храна и пијалаци. Биковите претеруваат со храната. Доколку се сексуално фрустрирани, овие личности ќе пијат и јадат или ќе се однесуваат агресивно.

Близнаци – Овој знак најчесто го менува расположението и се обидува своето патење да го ублажи со разни пороци. Познати се по љубовта кон цигарите, но исто така лесно можат да се навлечат на адреналински спортови. Не ретко се и сексуални зависници.

Рак – Раковите се водени од Месечината, па така често го менуваат расположението. Не е необично за овој знак да во одредена фаза на расположение се препушти на таблети или алкохол. А кога ракот е лут, бесот го смирува со храна.

Лав – Бидејќи лавовите за себе мислат дека се бесмртни, својот живот го надополнуваат со малку од секој порок. Така, често знаат да бидат коцкари, неверници, пушачи, а и алкохолот им годи. Кога е неверноста во прашање, Лавовите се препуштаат само тогаш кога чувствуваат емотивна нестабилност.

Девица – Девиците се големи работници, всушност тие се зависници од работа. Често се опсесивно компулсивни и можат лесно да се вознемират ако нешто не им оди според планираното. Обично го користат алкохолот за да ја смират нервозата.

Вага – Знак кој идеализира, а кога нешто ќе скршне од планираното, тогаш Вагите се препуштаат на алкохолот. Вагите знаат да изневерат само тогаш кога се пренатрупани со обврски и почнуваат да се чувствуваат несигурно и непријатно. Кога сакаат да се ослободат од негативната енергија знаат да бидат и зависници од теретана.

Шкорпија – Најголемите секс зависници во Зодијакот. Шкорпиите обожаваат секс и алкохол, фрлаат многу пари на облека и фенси ресторани само за да го импресионираат партнерот. Не сакаат луѓе кои не пратат мода, често пушат цигари за да изгледаат гламурозно.

Стрелец – Единствено што би можело да ги банкротира овие луѓе е зависноста од патување. Бидејќи по природа се немирни, индивидуални, нема некој кој може да ги сопре. Неверноста и сексуалната зависност често им претставува проблем. Овој знак е еден во Зодијакот кој верува во бесмртност, затоа и пушат и пијат и прават ужасни работи на своето тело.

Јарец – Овој знак е единствениот во Зодијакот кој може да се пофали со најмала зависност од сите останати. Јарците се внимателни со своите тела, зависни се само од вежбање. Постои голем ризик од анорексија или булимија само за да изгледаат слабо и убаво.

Водолија – Овој знак сака да истражува нови начини на размислување и да проба различни перцепции па често луѓето под овој знак можете да ги пронајдете меѓу вегетаријанците, или меѓу “хемичарите” во теретана. Она што ги одликува Водолиите е истрајноста.

Риби – Рибите се зависни од романтика. Сакаат да пијат за да заборават на болката и стварноста. Рибите треба да внимаваат на своето емоционално здравје бидејќи запаѓаат во тешки психички моменти кои ги поттикнуваат да се препуштат на алкохолот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *