Три баби од Вашингтон за првпат пробаа марихуана, која во оваа држава е легална. Кратко време по првото повлекувањето на чадот, почнаа да се смеат.
Овие три бабички имаат возрасни деца и сега си играат со внуци, а првпат во животот пробуваат марихуана. Снимката објавена на ЈуТјуб за помалку од 24 часа имаше речиси 5 милиони прегледи.
-Ни беа доволни само цигари и коктели, вели едната од нив.
-Се смеевме, бевме параноични, јадевме…единствено ми пречеше што кога ќе повлекуваме не пече грлото, вели другата. На крајот рекоа дека најверојатно пак ќе пробаат.