Бебето починало поради грешка на персоналот: Таткото направил ковчег од материјалот за креветче!

popara24 февруари, 201418min00
14

Прерано роденото бебе починало кога медицинската сестра го исклучила респираторот без дозвола на родителите. Неверојатно, но против сестрата нема никакви санкции, таа сеуште работи во истата болница.

Рохан Родес е роден 14 седмици пред време, но преживеал првите неколку критични седмици и се оправувал на оделот за неонатална нега. Меѓутоа срцевиот канал кој обично се затвара при раѓање останал отворен па лекарите го упатиле во Бристол. Со оглед на неговата состојба сеуште му бил потребен респиратор.

Неговите родители тврдат дека медицинската сестра која се грижела за бебето го исклучила респираторот. А откако го исклучила кај Рохан се развил некротичен ентероколитис. Рохан имал неколку инфаркти и починал следниот ден.

Се подразбирало дека против одговорната сестра ќе се превземат некакви мерки, но таа сеуште работи во болницата. Родителите на Рохан се вратиле во собата после кратка пауза и го нашле бебето исклучено од респиратор.

Не знаеме зошто сестрата тоа го направила, но сме сигурни дека тоа го чинеше живот. Медицинската сестра смее да исклучи респиратор само по наредба на лекар, а ние знаеме дека тоа не било одлука на лекар.

Пред да се обидат повторно да го уклучат на респиратор, бебето го доживеало првиот срцев удар. Го вратиле на интензивна нега, но следел втор срцев удар, и така ја изгубил битката за живот.

Нашето бебе напредуваше така добро. Сеуште се обидуваме да сватиме зошто сестрата го исклучи од респиратор. Таа немаше овластување. Она што го направи не се простува.

Лекарите рекоа дека не е подготвен за исклучување од респиратор и дека така ќе остане до операција.

Мајката на бебето тврди дека Рохан во последните часови трпел ужасни болки се додека лекарите не му дале нешто за смирување.

Ковчегот за нашето бебе има облик на брод. Тоа го направи Алекс од материјалите кои претходно ги купивме за да му направиме детско креветче.

2rohan