
Незадоволните Украинци го фатиле жив шефот на царина Сергеј Харченко и буквално со селотејп го залепиле за бандера, која на тој начин станала столб на срамот.
Тој после поднесувањето на оставка пред камера разоткрил разработена корумпирана шема на која локалните големци и цариници масовно заработувале, објавила на својот портал украинската Лента.
На пример, од шоферите земале по 300-400 евра по шлепер со роба од Италија за да не ги претресуваат на граница.
Добро заработувале и со шлеперите со кинеска роба чии возачи плаќале по 250 долари по кубен метар.


