Како гласи рецептот за среќа на Далај Лама

popara24 февруари, 201417min00
18

Далај Лама на Твитер има над осум милиони следбеници, а тој признава дека никогаш нешто посебно не користел Твитер. Во интервјуто за АБЦ изјавил дека неговите прсти не се создадени за користење на модерните технологии.

Без разлика на тоа, Далај Лама може само со 140 знаци да ја објасни тајната на среќата. “Умот кој сочувствува и повеќе се грижи за добросостојбата на другите е извор на среќа“, изјавил кога новинарот побарал накратко да ја претстави својата филозофија за среќа во форма на твит.

“Себичниот став е корен на незадоволство и човечко страдање. Таквиот став носи изолација. Резултатот е осаменост, страв, лутина“, било објаснувањето.

78 годишниот старец со ведар дух веќе 54 години живее во прогон во Индија, а неговиот роден Тибет и понатака се бори за автономија и независност. Претседателот Обама изјавил минатата седмица дека САД го гледа Тибет како дел од Кина и не ги подржува стремежите за самојстојност. Без разлика на тоа, Далај Лама е вечен оптимист кога станува збор за оваа тема.

“Пред неколку години еден кинески функционер ме опиша како демон. Кога новинарите ме прашаа за коментар, реков: Да, јас сум демон со рогови!“

Кинеската влада во иднина сака сама да одредува кој ќе биде новиот Далај Лама, а тоа е одлука која иначе ја носат верските лидери во будистичката религија.