
Екипата од MaxAnimal на брегот на Јужна Африка направи интересно видео од драматична средба со ајкула која започнала да ги гризе гумените рабови на бродот со кој снимателите пловеле во океанот, пренесува Huffington Post.
За среќа, момците успеале да заминат со бродот без некој од нив да биде повреден, но не може да се каже истото и за бродот кој бил прилично оштетен. Сепак, не е баш паметно додека сте на ваков чамец да си имате работа со ајкула.
httpv://www.youtube.com/watch?v=SCUc3U8WVMo