
Во Колорадо живеат голем број бездомници, а сестрата на блогерката Карли Рејнолдс неодамна доживеала нешто што ќе го памети цел живот.
Секој ден поминувала покрај дотичниот 35 годишен бездомник на пат кон работа. И тогаш овој човек, баш во моментот кога таа со автомобилот застанала пред него поради сообраќајниот метеж, направил нешто неочекувано.
Го фрлил од рацете својот натпис за милостина и истрчал во средината на големата расрсница . Пратејќи го со поглед видела како еден автомобил вози дијагонално преку три ленти.
Бездомникот успеал да дотча до автомобилот и се обидел со буткање странично да го усмери на правилната лента. Кога тоа не успеало почнал да ги соприра автомобилите кои оделе кон погрешно поставениот автомобил со цел да ги застане.
Успеал, а во меѓувреме му помогнале и останатите минувачи па сите заедно успеале да го запрат автомобилот. Подоцна се испоставило дека жената која управувала со автомобилот добила напад и изгубила контрола над возилото.
Тоа е човек кој луѓето секојдневно го игнорираат и се обидуваат да го избегнат неговиот поглед за да не се чувствуваат лошо што не му даваат пари. А тој не се замисли ни за миг да го ризикува својот живот за да ја спаси таа госпоѓа и уште најмалку 20 други – раскажала госпоѓата која била сведок на настанот.