Кој вели дека е лесно да се биде жена?

popara17 март, 20141min00
20

Како функционира животот на жените? Ако си паметна, убава и амбициозна – другите жени те мразат.

Мажите се плашат од тебе, а мрзливите мислат дека ќе им го земеш работното место.

  • Ако имаш пари – или си спонзоруша или швалерка.
  • Ако заработуваш сама – глупава си.
  • Ако трошиш многу – најверојатно си расипничка.
  • Ако имаш свое мислење си кучка.
  • Ако ќутиш – мутава си.
  • Ако се дотеруваш – имаш друг.
  • Ако не се дотеруваш, ќе те замени со друга која се дотерува.
  • Ако имаш машки пријатели – сигурно ти се љубовници.
  • Ако си немажена – нешто ти фали.
  • Ако имаш кариера – зошто не си мажена?
  • Кога ќе се омажиш, кога ќе раѓаш?
  • Кога ќе родиш – кога ќе родиш второ дете?
  • Кога ќе родиш две деца – па ти ништо не работиш? Зарем не си имала некаква кариера?