Бизарно: Продава деца како стафорди за 5000 евра!
8 јануари, 20140
Корисник на сајтот за миленици (prodajapasa.rs) поставил оглас со слики на деца кои имитираат кучиња и напишал дека ги продава за 5000 евра! Дела Костиќ поставил фотографии од три деца кои стојат на 4 нозе и прават гримаси како страшни кучиња, а понудата гласи: “Стафордски бул-териер. Од двата пола. Со педигре.“
На местото каде продавачот требало да внесе детален опис на кучињата напишал “луди сме“, а огласот го нарекол “зезање“ со што веројатно сакал да стави на знаење дека се работи за шега. Се прашуваме дали на некого ова ќе му се види смешно?