„Имам 87 години… Јадам само за да можам да пушам и да останам жив… Единствениот страв кој го имам е колку долго свсноста ќе остане откако моето тело ќе отиде. Се надевам дека нема да има ништо. Исто како пред да се родам. Не сум религиозен, тоа се само микрокосмоси на егото. Кога човек почнува да размислува дека е посебна личност со одделна душа, креира насилна ситуација.
Празнината, концептот на ништожност, е страшен за најголемиот број луѓе на планетата. И јас добивам напади на анксиозност. Го познавам стравот со таа празнина. Треба да научиш да умреш пред да умреш. Да се откажеш, да се предадеш на празнината, на ништото.
Дали некој ве насочил кон овие нешта од оние кои сте ги интервјуирале до сега?
Само момент, мора да се јавам… Хеј брат. Тоа е супер. Да, ме интервјуираат… Зборувам за ништо. Добро го заглибив во ништото сега. Престана да ме прашува прашања.“
Хари Дин Стентон (Harry Dean Stanton) актер