Облеката и тоа го може: Сокријте го салото на стомакот и широките колкови

popara9 април, 20141min00
2

Во т.н дебели денови кога имате впечаток дека сте се здебелиле најдобро е да постигнете изглед на триаголник. Горниот дел нагласете го со парче облека која ги истакнува рамениците, а доле облечете хеланки или тесни пантолони.

Ако преку викендот сте се претерале со јадење или некои денови се чувствувате лошо – квалитетна кошула може да ја поправи работата. Можете да ја комбинирате со што си замислиле ама и да ги покриете критичните точки.

КОШУЛА

Врзување на јакна околу струкот помага да го насочите вниманиете баш на струкот и сите да видат колку вие, во суштина, сте тесни во струкот. Освен тоа, облеката која ќе ја носите над јакната ќе биде набрана па ќе ви ги скрие мааните како што е голем стомак или гради. Кога подобро ќе размислите, иако горниот дел ќе ви биде поширок зошто облеката нема да паѓа рамно низ телото, сепак ќе изгледате смело и задоволно.

Можете мал дел од кошулата од предниот дела да ја ставите во пантолони. Иако можеби ќе ви звучи смешно, кога ќе ставите дел од кошулата во пантолони изгледате како да имате рамен стомак и како да сте баш слаби.

ЏЕМПЕР

Најдобар начин да ги скриете широките колкови е оптичката измама која ќе ви ја овозможат широките џемпери.

Таков ефект тешко ќе можете да постигнете носејќи тесна женска облека. Иако поголем број, таа не е кроена како машката. Набавете еден машки џемпер, голем број, кој ќе ве покрие целосно и на вашите маки, барем на кратко, им е дојден крајот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag