Конзервираното овошје може да го зголеми ризикот од предвремена смрт. Додека две до три порции на суво и свежо овошје се поврзани со намален ризик од смрт од било која причина за 10 проценти , конзумацијата на конзервиран и замрзнат зеленчук го зголемува ризикот од смрт за 17 проценти , заклучија научниците.
Научниците дошле дошле до заклучоци од прехрамбените навики на 65.000 луѓе во Велика Британија кои биле следени во текот на седум години на истражување. Испитаниците известувале за нивните навики во исхраната преку анкети. Тешко е да се утврди дали ризикот од смртта се зголемува со конзервираното или замрзнатото овошје, или едноставно поради недостаток на свежи алтернативи. Покрај тоа, замрзнатиот и конзервиран зеленчук е сместен во иста категорија, па затоа е тешко да се тврди за одреден тип на храна.
Познато е дека конзервираното овошје плива во високо фруктозен сируп, а претходните студии го поврзуваат големото количество на фруктоза со високиот крвен притисок , нивото на холестерол , дебелината, инсулинската резистенција , па оваа врска и не е толку шокантна.
Замрзнатото овошје , од друга страна, по хранливите материи треба да биде во рангот на свежото овошје. ” Се додека нема додаден шеќер, смрзнатото овошје би требало да биде здраво или барем безопасно “, вели д-р Симон Капвел , професор по клиничка епидемиологија на Универзитетот во Ливерпул.