Брутално: Модифициран SL63 AMG од Brabus

popara12 февруари, 201418min00
18

Брабус го претстави новиот тјуниран програм за Мерцедес SL63 AMG. Именуван е 850 6.0 Biturbo, модел кој е опремен со аеродинамичен стилски пакет кој се состои од преден сплитер, заден дифузер и спојлер. Присутен е и спортски издувен систем како и алуминиумски фелни од 20 инчи. Под хаубата спакуван е V8 агрегат, 5.5 литражен со 2 турбо полначи, кој ослободува 850 коњски сили. Брабус за жал не објавил никакви спецификации за перформансите, но сепак стандардниот модел забрзува од 0-100 км за 4,3 секунди и има електронски лимитирана максимална брзина на 250 км на час.

Foto: Brabus

Foto: Brabus